Почетна Македонија Матичните лекари за една недела препишале над 5.400 рецепти за хронична терапија

Матичните лекари за една недела препишале над 5.400 рецепти за хронична терапија

од nenad
2 минути читај за




За една недела матичните лекари издале над 5.400 рецепти за хронична терапија на над 2.400 пациенти, соопшти Министерството за здравство.
Можноста матичните лекари да препишуваат лекови за пациентите со дијабетес, астма, ХОББ, намалена функција на тироидна жлезда и хипертензија, без да има потреба да одат на специјалист, Министерството ја воведе како дел од реформата на примарната здравствена заштита. Според

   

„За 7 дена со помош на реформската мерка во примарната здравствена заштита, 2.443 хронично болни пациенти посетиле матичен лекар и биле издадени 5.412 рецепти за хронична терапија“, соопшти Министерството за здравство и додава дека реформата на примарната здравствена заштита дава резултати.
Според Министерството за здравство ова е суштинска новина со која се унапредува процесот на обезбедување здравствени услуги за пациентите и за здравствените работници.

„Донесен нов правилник, со кој се опфатени пациентите со дијабетес, астма, ХОББ, намалена функција на тироидна жлезда и хипертензија, кои сега наместо кај лекар специјалист, хроничната терапија ја добиваат кај својот матичен лекар во местото на живеење. Во тек се подготовките и за воведување на новите лабораториски испитувања, со кои на матичните лекари ќе им овозможиме да ја зајакнат нивната улога и во дијагностичка насока“, соопшти Министерството за здравство.
Со оваа мерка. додаваат од Министерството, се зајакнува улогата на и важноста на матичните лекари во здравствениот систем.

  



ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING