Илон Маск покрена правен спор против OpenAI и Microsoft, барајќи отштета од околу 134 милијарди долари. Тој тврди дека тие две компании неправомерно профитирале од неговата претходна поддршка за организацијата која се занимава со развој на вештачка интелигенција, како што е наведено во судски документ кој е објавен од страна на американски медиуми.
Според наводите во тужбата поднесена од милијардерот, OpenAI наводно примил сума помеѓу 65,5 милијарди и 109,4 милијарди долари од Маск, почнувајќи од 2015 година, кога тој беше еден од основачите на тогашната непрофитна организација. Microsoft, пак, наводно добил помеѓу 13,3 милијарди и 25,1 милијарда долари.
Од OpenAI ја окарактеризираа тужбата како „неоснована“ и дел од кампања за „вознемирување“. Претставник на Microsoft изјави дека нема докази дека компанијата „помагала и поттикнувала“ активности на OpenAI.
Microsoft ја направи својата прва инвестиција во овој стартап во 2019 година. Илон Маск ја напушти организацијата OpenAI во 2018 година, а во моментов ја предводи компанијата xAI, која нуди конкурентен „четбот“ наречен Grok.
Сега Маск истакнува дека OpenAI ја нарушил својата првобитна мисија со промената од непрофитна во профитабилна организација.
Судија во Оукленд, Калифорнија, одлучи овој месец дека случајот ќе оди на суд пред порота, а судењето е закажано за април.