Почетна БалканЗеленски се заблагодари на Бугарија што не ја продолжи забраната за увoз на жито од Украина

Зеленски се заблагодари на Бугарија што не ја продолжи забраната за увoз на жито од Украина

од nenad
1 минути читај за
t

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека и е благодарен на Бугарија што од 15 септември не ги продолжи ограничувањата за извоз на украинско жито.

„Им благодарам на (премиерот) Николај Денков и неговиот тим, како и на бугарските пратеници кои го поддржаа овој потег. Бугарија дава пример за вистинска солидарност“, напиша Зеленски на својата сметка на платформата Х (Твитер).

Ограничувањата воведени од Европската унија во мај им дозволија на Полска, Бугарија, Унгарија, Романија и Словачка да ја забранат домашната продажба на украинска пченица, пченка, семе од репка и сончоглед, а во исто време можат да дозволат транзит на овој товар од Украина за извезување во други земји.