Почетна Убавина и здравјеМарија Шерифовиќ сепак нема да настапи на концертот во чест на Шабан, ги открива причините

Марија Шерифовиќ сепак нема да настапи на концертот во чест на Шабан, ги открива причините

од nenad
1 минути читај за



На концертот што се одржува во негова чест бројни пејачи ќе ги пеат најголемите хитови на Шабан Шаулиќ…

Денеска се навршуваат шест години откако не напушти кралот на народната музика Шабан Шаулиќ, а утре во негова чест ќе се одржи концерт посветен на трагично починатата музичка ѕвезда.

На концертот што се одржува во негова чест бројни пејачи ќе ги пеат најголемите хитови на Шабан Шаулиќ, а сега се огласи и Марија Шерифовиќ која откри дека сепак нема да може да биде дел од овој спектакл.

За жал утре нема да бидам во салата поради семејни обврски. Сакав повеќе од се да ги пеам тие хитови, но ве чекаат голем број мои колеги и сигурна сум дека ќе уживате. И јас некогаш ќе ги пеам“ – напиша Марија, а потоа објави фотографија од Шабан додавајќи:

„Ни недостигаш… И да, сепак си најголем!“


Поврзани објави

Instagram serifovic

За потсетување, Шабан Шаулиќ загина на 17 февруари 2019 година во сообраќајна несреќа во Билефелд, Германија, додека се враќаше од настап. Денеска се одржа панихида по повод годишнината од неговата смрт.

Фото: printskrin Youtube/ Blic TV
ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ ПОГЛЕДНЕТЕ ОВДЕ: