Сите кои се чуствуваат осамено и изморено без сомнеж ќе се пронајдат во најновата песна на нашата музичка ѕвезда – Влатко Лозаноски – Лозано.
Живееме во време-невреме, време во кое секој од нас носи маска за да се заштити од овој лажен свет… Дали е вистинско време да ги извадиме маските и да бидеме навистина среќни? По се изгледа време е!
Новата песна на Лозано која неговата публика со нетрпние ја очекуваше е насловена „Маскенбал“. Како автори се потпишува тандемот Лазар и Магдалена Цветкоски.
„Маскенбал“ доби и свој видеоспот, а за неговите потреби, Лозано и неговиот тим отпатуваа во Италија, поточно во преубавата Венеција, каде цели три дена траеше снимањето.
Поврзани објави
Како режисер на спотот се потпишува долгогодишниот соработник на Лозано, режисерот Даниел Јовески, кој и овојпат го даде својот максимум.
За видеоспотот беше изработен специјален костим од познатиот моден дизајнер Андреј Папаз.
Слушнете ја „Маскенбал“.