Пејачката отворено зборува за емоционалните промени, предизвиците на самохраното мајчинство и желбите за иднината на својот наследник
Пејачката Марија Шерифовиќ без двоумење зборуваше за самохраното мајчинство и воспитувањето на својот двегодишен син Марио. Во разговор со следбениците на социјалните мрежи, таа искрено ги сподели искуствата и емоциите што ги носи улогата мајка, нагласувајќи дека таа е најважната во нејзиниот живот.
Таа откри дека мајчинството ја променило пред сè во брзината на прифаќање на новите ситуации и силните емоционални осцилации. Зборувајќи дали е строга мајка, истакна дека иако многумина ѝ велат дека детето е „сè уште мало“, таа смета дека тој разбира многу повеќе отколку што околината мисли и дека нејзина главна задача е да го заштити.
Поврзани објави
Посебно внимание предизвика нејзиниот став за самохраните мајки. Таа истакна дека иако не знае за поинакво искуство, многу добро ја разбира тежината на таа улога. Според неа, секоја самохрана мајка заслужува признание, диплома, па дури и плата од 5.000 евра, бидејќи нивната борба е постојана и исклучително тешка.
Шерифовиќ зборуваше и за иднината на својот син, нагласувајќи дека не би сакала тој да се занимава со пеење, иако би сакала да има музичко образование, како свирење или продукција. Таа заклучи дека љубовта кон детето расте од ден на ден и дека токму мајчинството ја учи колку таа улога е незаменлива и суштинска во животот.
Printscreen/Youtube/Marija Šerifović