Пред 3 год, 3ти август ја земав Монтана од човек кој мислев и му верував дека ми дава 15год кобила здрава за да ја тренирам за работа со дечиња хипотерапија. Монтана умре октомври 22. Умре затоа што незнаев дека е болна и дека треба соодветна терапија. Ноември 20ти идам во планина да ѕирнам шарен коњ кој треба да иде на продажба за месо… стигам гледам катастрофална состојба на неколку коњи..од жал ја земав и шарената и кафената за кои другар ми рече: Мариа ова не личи на магаре, а не па на коњ- не ги зимај за тие пари не вреди ништо” Ги качија у камионот да идат на колење ..се вратив и за последен пат се договорив да ми ги донесат дома- незнаев што ќе правам со нив освен дека требаше со тие пари да си купам карта за Америка истиот месец. Коњите беа истрауматизирани, искубани, гладни, а незнаев ни дека и двете беа БРЕМЕНИ. Ради нив ставив камери во шталите, гледав за породувањe видеа на интернет, секоја вечер дежурав до 10, а после Маурисио од Америка ги гледаше камерите за да ги породам двете..на едната сечев папочна врвца и подврзував, другата се породи пред мене сама…Денес после 3 години јас немам високи и скапи коњи, имам коњ со пнеумонија на која сама се научив да ја боцкам и давам терапија за да не умре, ама имам коњи кои ги обожаваат сите кои ќе дојдат, среќни и игриви..Коњи кои требаа да завршат за месо, а завршија како терапевти и едни од главните за мојата идеја за важноста на менталното здравје и природата.