Почетна СценаКИСЕЛА ВОДА: Асфалтирани последните 800 метри квадратни на улицата Малешевска

КИСЕЛА ВОДА: Асфалтирани последните 800 метри квадратни на улицата Малешевска

од nenad
1 минути читај за




Фото: Општина Кисела Вода
Завршува асфалтирањето на вториот дел од улицата Малешевска во општина Кисела Вода, која 40 години не беше реконструирана.
Завршена е реконструкцијата на последните 800 квадратни метри. Улицата добива и нови тротоари поплочени со павер елементи, како и нови рабници. Со овие градежни зафати се подобрува патната инфраструктура во населбата Драчево, се подобруваат условите за живеење на сите жители од овој дел на општина Кисела Вода – информира градоначалникот Орце Ѓорѓиевски на Фејсбук. Тој најави дека инвестициониот циклус во насока на подобра инфраструктура продолжува низ сите месни и урбани заедници со цел да се постигне рамномерен регионален развој.