Почетна СветМакедонско друштво “Илинден”-Тирана бара да се форимираат Општина Голо Брдо и Гора 

Македонско друштво “Илинден”-Тирана бара да се форимираат Општина Голо Брдо и Гора 

од nenad
1 минути читај за

Десет години по територијалната поделба направено 2014 година во областите Голо Брдо и Гора каде живее македонското национално малцинство се уште останаа неразвиени.

Во 2014 година, општините Требиште, Острени и Стеблево во областа Голо Брдо беа укинати, за да се приклучат кон општините Булќиза и Либражд, а општините Шиштеец и Запот во областа Гора беа припоени кон Општина Кукс.

Македонско национално малцинство во областите Голо Брдо и Гора смета дека укинувањето на општините е чекор назад во почитувањето на правата на малцинствата во Република Албанија.

Македонско друштво “Илинден“-Тирана бара Владата да предложи измени на Законот за локална самоуправа за создавање две нови општини:

  • Општина Голо Брдо
  • Општина Гора

Македонското друштво “Илинден“-Тирана смета дека овој демократски процес ќе ја зголеми довербата на граѓаните во системот и ќе овозможи поефикасно решавање на проблемите во областите Голо Брдо и Гора.

Македонско друштво “Илинден”-Тирана, Претседател Никола Ѓурѓај

Координатор на Македонско друштво “Илинден”-Тирана за областа Голо Брдо, Фатри Фетаху 

 


Post Views:
34

Извор : vesnik-ilinden.com
https://vesnik-ilinden.com/makedonsko-drushtvo-ilinden-tirana-bara-da-se-forimiraat-opshtina-golo-brdo-i-gora/