Фото: АТШ
Шест полициски службеници и една новинарка се повредени за време на денешниот протест во близина на Министерството за образование во Тирана, додека 23 лица се приведени, соопшти албанската полиција.
Според полициските информации, дел од демонстрантите ја оштетиле оградата, влезната порта и фасадата на институцијата, фрлајќи молотови коктели, камења, петарди и тврди предмети кон полицајците.
Повредените се надвор од животна опасност. Полицијата и обвинителството започнале истрага за идентификација и кривично гонење на лицата вмешани во инцидентите.
Албанската полиција соопшти дека ќе продолжи да го гарантира правото на мирен протест, но предупреди дека насилните дејствија ќе бидат санкционирани согласно законот.
Post Views: 94
Извор : vesnik-ilinden.com
Тензија на протестот во Тирана: 23 приведени, повредени 6 полицајци и една новинарка