Познатата планинарка и скијачка Илина Арсова го прослави својот роденден.
Поврзани објави
„42 години искуство“, напиша покрај објавата Илина, на која таа носи црвено бикини, откривајќи го своето извајно тело.
Таа редовно вежба и тоа многупати го покажала на социјалните мрежи, па токму затоа и на нејзините стомачни мускули и обликувано тело може да и позавидат многу дами помлади од неа.
Арсова во последните две години е на релација САД – Македонија. Беше докторант на Универзитетот во Тенеси, но и работеше таму. А кога има слободно време се враќа во родната Македонија.
Иако имаше постигнато многу успеси професионално, сепак публиката најмногу ја запозна како девојката на Игор Џамбазов. Но, далечината и различните планови за блиска иднина беше пречка за големата љубов која ја имаа со шоуменот.