Бугарската музичка ѕвезда Азис проговори за својата наследничка Раџа.
Пред повеќе од 15 години Азис беше во врска со Ники Китаец, а во октомври 2006 година се венчаа, нивниот брак не беше легален бидејќи бугарскиот закон не ги поддржува истополовите бракови. Азис набргу потоа се развел и со својaтa најдобра пријателка ја добил ќерката Раџа.
При гостување отворено проговори за својата наследничка, откривајќи детали за нивниот однос и нејзиното воспитување.
Имам ќерка, таа има 17 години. Таа воопшто не е музички талентирана, но многу ги сака животните. Нејзиниот живот е посветен на животните, ќе заврши ветеринарна школа“ – рече Азис, додавајќи:
„До ден денешен на никој не кажала дека е моја ќерка, бидејќи е русокоса, има сини очи и коса. Ние сме многу блиски“.
Пејачот истакна дека отсекогаш имал отворен однос со својата ќерка и дека кога била мала и кажувал се за себе.
Многу разговарав со ќерка ми додека растеше. И кажав сè за себе, за да не слушне ништо од другите. Треба да имате отворен однос со вашето дете. Детето прво треба да научи се од своите родители“, објасни Азис.
Поврзани објави
Тој откри и дека овие разговори биле многу емотивни, но и неопходни.
Тоа беа многу емотивни разговори, ѝ објаснив дека јас имам свој живот, а нејзината мајка има свој живот. Морав да и објаснам дека сакам мажи, но и дека нејзината мајка е мојата најдобра пријателка“, изјави Азис.
Со оваа искрена исповед Азис покажа дека и покрај ексцентричниот изглед, тој е пред се посветен татко кој се труди да и ја пружи сета љубов и поддршка на својата ќерка, градејќи здрава и отворена врска со неа.
Фото: printskrin Youtube/ NOVA
ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ ПОГЛЕДНЕТЕ ОВДЕ: