Почетна СветМакедонската амбасада во Тирана ги повикува сите кои имаат македонско државјанство и поседуваат истечени пасоши да поднесат барање за нивно обновување 

Македонската амбасада во Тирана ги повикува сите кои имаат македонско државјанство и поседуваат истечени пасоши да поднесат барање за нивно обновување 

од nenad
1 минути читај за

Ве информираме дека сите припадници на македонското национално малцинство во Република Албанија кои имаат македонско државјанство и поседуваат истечени пасоши, можат до 20.07.2025 година да поднесат барање за нивно обновување во Амбасадата на Република Македонија во Тирана.

Заинтересираните лица кои сакаат да ги обноват своите македонски пасоши потребно е да се пријават преку:

• Телефон: +355 422 30909

• Е-пошта: tirana@mfa.gov.mk

При поднесување на пријавата, задолжително е да се достават:

• Документ за идентификација

• Документ со кој се потврдува македонското државјанство (важечки документ или уверение за државјанство)

• Контакт телефонски број или електронска адреса на барателот.

Сликањето за нови пасоши ќе биде во Амбасадата во Тирана и во Општина Пустец, изборот е на барателот – стои во соопштението на Македонската амбасада во Тирана.


Post Views: 2

Извор : vesnik-ilinden.com

Македонската амбасада во Тирана ги повикува сите кои имаат македонско државјанство и поседуваат истечени пасоши да поднесат барање за нивно обновување