Ристо Николов Андоноски бил македонски револуционер и активен член на Македонската револуционерна организација (ВМОРО). Роден е во 1884 година во селото Требиште, во областа Голо Брдо.
Во ВМОРО се приклучил во 1900 година, а во текот на Илинденското востание во 1903 година активно учествувал во вооружените борби против османлиската војска. Делувал во четите на браќата Тасе и Дојчин Христови од селото Присовјани. Учествувал во борбите кај селата Ташмаруништа и Велмеј, а подоцна продолжил со револуционерната дејност во областа Дебрца.
Во 1923 година се преселил од Албанија во Македонија се населил во селото Лешани, во Дебрца, каде што продолжил да живее по преселувањето.

Молба на Ристо Николов Андоноски за Илинденска пензија, 2 октомври 1952 година

Биографија на Ристо Николов Андоноски за Илинденска пензија
Ристо Николов Андоноски останува запаметен како учесник во македонското револуционерно движење и во борбите за ослободување на Македонија во периодот на Илинденското востание.
Post Views: 46
Извор : vesnik-ilinden.com