9
Главниот државен ревизор, Максим Ацевски, во емисијата „Бизнис21“ на ТВ „21“ откри дека за првпат во историјата, Македонија добива свој претставник во Ревизорскиот одбор на НАТО. Според него, ова е значаен чекор што ја потврдува растечката улога на земјата во рамките на меѓународните институции и воено-политичкиот сојуз. „Во мај месец добивме известување дека еден наш вработен е избран во бордот на НАТО. За првпат во историјата македонски претставник во Ревизорскиот борд на НАТО“, вели Ацевски.