Почетна Економија„Мазут“ им заштети милиони на македонските граѓани, сите економски вештачења потврдуваат дека нема штета!

„Мазут“ им заштети милиони на македонските граѓани, сите економски вештачења потврдуваат дека нема штета!

од nenad
1 минути читај за

Кога се зборува за случајот „Мазут“, најчесто во преден план е сумата од 167 милиони евра поврзана со набавките.

Но, за да се разбере економската страна на случајот, не може да се гледа само колку чинел мазутот. Мора да се постави и прашањето колку би чинела струјата доколку ТЕЦ „Неготино“ не работела.

Македонија во тој период се соочуваше со сериозна енергетска криза. На 9 ноември 2021 година Владата прогласи кризна состојба во снабдувањето со електрична енергија, која потоа беше продолжувана до април 2023 година.

Цените на електричната енергија на берзите беа високи, а проблемот не беше само ценовен. На европскиот пазар постоеја и сериозни проблеми со достапноста на повеќе енергенси.

Во такви услови ТЕЦ „Неготино“, која со години функционираше како ладна резерва, повторно беше активирана.

Според официјалните податоци што ги имаме, во 2022 година централата остварила историски рекордна добивка од приближно 2,25 милијарди денари, односно околу 36,5 милиони евра.

Анализите на цените на електричната енергија за периодот опфатен со истрагата покажуваат дека доколку потребната струја требало да се обезбеди преку увоз, трошокот би бил околу 880 милиони евра.

Во другото вештачење кое се однесува на споредбата со HUPX, вредноста на произведената електрична енергија од ТЕЦ „Неготино“ е околу 155,4 милиони евра, додека истите количества на унгарската берза би чинеле околу 167,55 милиони евра, без дополнителните трошоци за пренос и увоз.

И тука е суштината.

Набавката на мазутот не може да се разгледува изолирано од струјата која била произведена со него.

ОЈО ГОКК во своето образложение наведе дека производството во ТЕЦ „Неготино“ овозможило обезбедување електрична енергија по значително пониски цени од цените на слободниот пазар.

Затоа, кога се зборува за милионите потрошени за мазут, треба да се постави и другото прашање: колку би ја чинело државата електричната енергија доколку резервниот капацитет не бил активиран?