Почетна ЕкономијаВо населбата Карпош 2 ќе се продаде државно земјиште за да изгради катна гаража

Во населбата Карпош 2 ќе се продаде државно земјиште за да изгради катна гаража

од nenad
1 минути читај за

Во населбата Карпош 2 ќе се продаде државно земјиште за да изгради катна гаража приватен инвеститор, со капацитет за паркирање на 180 возила. Мнозинството советници од Советот на Општина Карпош на денешната седница, по речиси двочасовна дискусија, дадоа зелено светло за усвојување на измените и на дополнувањата на Програмата за активностите на Општина Карпош во областа на располагањето со градежно земјиште во државна сопственост за 2025 година, во која се предвидува продажбата на парцелата каде што треба да никне гаражата.

Според градоначалникот Стевчо Јакимовски, во ДУП за Карпош 1 и Карпош 2, кој беше неодамна донесен, се планирани неколку гаражи, меѓу кои и оваа што треба на приземјето да има услужна намена и две подземни и две надземни нивоа за паркирање, но дека Општината нема средства за самата да ги изгради. Тој посочи дека во овие две населби има реален проблем со недостиг на места за паркирање, дека секое семејство има по неколку возила, но дека проблемот е уште поголем што тука има и три факултети.