Почетна СветЛуксузна суперјахта вредна околу 450 милиони евра пристигна во Драч

Луксузна суперјахта вредна околу 450 милиони евра пристигна во Драч

од nenad
1 минути читај за

Фото: Пристанишната управа на Драч

Луксузната суперјахта „Deep Blue“, вредна околу 450 милиони евра, утрово пристигна во пристаништето во Драч, каде што се очекува да биде снабдена со гориво.

Станува збор за една од најголемите и најлуксузните суперјахти изградени во последниот период. „Deep Blue“ е изградена во 2026 година од германскиот бродоградител Лурсен со должина од 134,2 м и ширина од 19,8 м.

Според достапните информации од специјализирани извори за суперјахти, пловилото се поврзува со кинескиот милијардер Ричард Ќијангдонг Лиу, познат како Ричард Лиу, основач и извршен директор на компанијата за електронска трговија JD.com.

Престојот на „Deep Blue“ во Драч, според информациите од пристаништето, е поврзан со снабдување со гориво. Се очекува суперјахтата да преземе околу 300 илјади литри дизел.

Доколку биде реализирана целата предвидена количина, станува збор за значителна испорака за пристаништето во Драч, пристигнување во Драч повторно го става албанското пристаниште на мапата на луксузниот наутички туризам.


Post Views: 67

Извор : vesnik-ilinden.com

Луксузна суперјахта вредна околу 450 милиони евра пристигна во Драч