„Државна Лотарија има рамковен договор за оваа намена, но снабдувањето не е завршено, и истото би се реализирало согласно динамиката и потребите на пазарот.
Оваа манипулација со неточна информација на партијата ВМРО-ДПМНЕ ја побиваме како невистинита и ја карактеризираме како дезинформација за јавноста и истата има цел да наштети на имиџот на Државна лотарија и управата на институцијата.
Државната лотарија – после серија напади докажа пред надлежните институции и јавноста дека сите набавки се прават согласно законските прописи кои се во сила.Државна лотарија ќе продолжи и во иднина да работи врз основа на важечките закони, а нема да дозволи дезинформаторите да го нарушат авторитетот на ниту еден од вработените во Државната лотарија на Северна Македонија“ велат од Државна лотарија.