Почетна Вести Лога: По примерот на БиХ треба да изградиме затвор според највисоки европски стандарди

Лога: По примерот на БиХ треба да изградиме затвор според највисоки европски стандарди

од nenad
2 минути читај за

Ова го изјави македонскиот министер за правда Кренар Лога, кој овој месец го посети затворот.

   

Од Министерството за правда информираа дека Европската унија издвоила 11 милиони евра за изградба на овој затвор.Затворот располага со најсовремено опремени простории, спортски терени, работилници, храната се служи во ќелиите а има и посебна просторија за молитви и практикување на релегија. Со изградбата на оваа установа, од Министерството посочија дека се намалила пребукираноста во затворите.

– Успешната реализација на Проектот претставува само една од основите за подобрување на целокупната состојба со условите во затворите, третманот и постапувањето со притворените и осудените лица како и постигнување на ресоцијализација на лицата кои издржувале казна затвор – се додава во соопштението.

Министерот Лога бил информиран за Проектот „Реконструкција на казнено-поправните установи во Република Северна Македонија“ кој се спроведува со кредит од Банката за развој на Советот на Европа.Од страна на претставниците на Банката било побарано во најкус можен рок преземање на ефективни мерки за санирање на оштетувањата и штетите настанати во полу отвореното и отвореното одделение во КПУ Идризово.

ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING