Почетна Убавина и здравјеЛила Филиповска со емотивна честитка за синот Филип – „Ти си мојата сила и мојот двигател“ – Убавина и здравје

Лила Филиповска со емотивна честитка за синот Филип – „Ти си мојата сила и мојот двигател“ – Убавина и здравје

од nenad
2 минути читај за

Ретро-фотографии од детството, заеднички патувања и весели моменти – Лила Филиповска му го честиташе роденденот на својот единец со порака полна со мајчинска љубов.

За Лила Филиповска, годините можат да минуваат, но едно нешто останува непроменето – начинот на кој го доживува својот син Филип. По повод неговиот роденден, познатата водителка и инфлуенсерка сподели серија фотографии со него, враќајќи се и до нивните постари семејни моменти. Од детските години до денес, низ фотографиите се гледа врската што Лила со години ја опишува како една од најважните во нејзиниот живот.

Иако Филип одамна е возрасен, за својата мајка тој, како што самата вели, засекогаш ќе остане „моето дете“.

Од детството до денес – мајка и син неразделни

Лила ретко ја изложува приватноста на својот син, кој со години се труди да живее подалеку од медиумското внимание. Сепак, одвреме-навреме таа споделува моменти од нивниот заеднички живот – особено кога станува збор за родендени, патувања или семејни прослави.

Нивната блискост не е новина. Во едно од постарите интервјуа, Филип зборувал со голема наклонетост за својата мајка и за детството поминато со неа, откривајќи дека благодарение на нејзината работа имал можност да патува и да расте во постојана близина со неа.

Лила, пак, низ годините повеќепати покажала дека Филип за неа не е само син, туку и еден од најголемите извори на сила и поддршка.

„Ти си мојата сила, мојот панцир…“

Во роденденската честитка таа се присетила на нешта што, според неа, засекогаш ќе ги поврзуваат – од името што му го избрала до заедничката љубов кон музиката и животните радости.

За мене секогаш ќе останеш ‘моето дете’. Јас ти го дадов името, делиме ист хороскопски знак и уживаме во музиката и во работите кои ни го разубавуваат животот!“, му порача Лила.

Но најсилниот дел од честитката е посветен на неговата улога во нејзиниот живот.


Поврзани објави

 

Ти си мојата сила, мојот панцир, мојот двигател и поради тебе сум она што сум.“

Овие зборови не се првпат Лила јавно да зборува за посебната врска со својот син. Во претходни роденденски објави таа исто така го опишувала како своја безусловна љубов и најважен човек во животот.

„Фала ти што ме избра за твоја мајка“

На крајот од честитката, Лила му упати порака која ја открива целата емотивна тежина на нивниот однос.

Фала ти што ме избра за твоја мајка и што никогаш не ги изневери моите очекувања… Среќен роденден, Филип, моја љубов безусловна.“

Покрај емотивните зборови, фотографиите што ги објави раскажуваат своја приказна – од детството и семејните моменти до денешните заеднички патувања и излегувања.

И токму во тоа е убавината на нејзината порака: за мајката, детето никогаш не престанува да биде дете, без оглед на тоа колку години ќе наполни.

А Филип, според зборовите на Лила, останува нејзината сила, нејзиниот сигурен потпор и нејзината „љубов безусловна“.

Текст: Бојана Стојменовиќ

Фото: Приватна архива, Инстаграм