Почетна МакедонијаЛИДЕРОТ НА ВМРО-ДПМНЕ ДОБИ МАЛА УТЕХА – судот ја прифатил тужбата на Мицкоски за негов наводен имот

ЛИДЕРОТ НА ВМРО-ДПМНЕ ДОБИ МАЛА УТЕХА – судот ја прифатил тужбата на Мицкоски за негов наводен имот

од nenad
1 минути читај за




Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска преку својот фејсбук профил објави дека неговата тужба за клевета против поратлот Фронтлајн била усвоена од скопскиот граѓански суд. Мицкоски наведува дека тоа за него е мала утеха, но и доволна лична сатисфакција. Тужбата се однесува за објавена информација дека му е откриен имот вреден над еден милион евра, во февруари годинава.
„Вака изгледа срамот од лагите на власта, уште еднаш осудени се дека клеветат

   

На големиот христијански празник Прочка водеа кампања со лаги, навреди и измислици по кој знае кој пат овие пет години, против мене и моето семејство. Сакаа да ме изедначат со нив и претстават како политички профитер и криминалец. За таа цел СДСМ и ДУИ ги вклучија сите свои медиумски слуги да ме навредуваат мене и честа на моето семејство со лаги, измислици и конструкции. На тој подол начин мислеа www.frontline.mk го прекршил членот од 8 од ЕКЧП како и кодексот на новинари на Македонија.Можеби мала утеха, но доволна за лична сатисфакција…“, пишува Мицкоски на својот фејсбук профил.