Почетна Македонија ЛЕВИЦА ВЛЕГУВА СО 6 ПРАТЕНИЦИ ВО СОБРАНИЕ, КОИ СЕ НОВИТЕ ЦРВЕНИ РЕВОЛУЦИОНЕРИ?

ЛЕВИЦА ВЛЕГУВА СО 6 ПРАТЕНИЦИ ВО СОБРАНИЕ, КОИ СЕ НОВИТЕ ЦРВЕНИ РЕВОЛУЦИОНЕРИ?

од nenad
4 минути читај за

Во четворката влегува Сашко Јанчев.Сашко Јанчев (32 години), роден во Гевгелија, е дипломиран правник и магистер по кривично право на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при УКИМ, член на ЦК на Левица и модератор на Локалниот огранок Гевгелија. Во моментов работи како правник, а дополнително давал правни совети на работници и граѓани кои тоа го бараат преку Левица и правна помош на здруженијата од Југоистокот кои се борат против рудниците на смртта. Основач е и на едно гевгелиско хуманитарно здружение.Неговата борба е насочена кон: демократизација на локалната самоуправа, стопирање на партиските вработувања, стопирање на тендер системот и цртањето на урбанистички планови по желба на урбаната мафија, санирање и унапредување на животната средина и запирање на капиталистичката експлоатација на луѓето и природните богатства.

Јована Мојсоска, генерален секретар на Левица, влегува од петката

Кратка биографија Дипломирана на Факултет за безбедност и финансиска контрола, мојата младост ја одбележа активизмот. Почетоците на политичко делување ми беа изразени преку активистичко вклучување како дел од мрежа на организации за решавање на проблемот со бездомни животни. Понатаму, бев дел од студентски движења за подобрување на стандардот на студентите. Особено ја сакам работата на проектот „Млади во движење” за подигнување на свеста кај младите во средно образование за зачувување на природните богатства на планината Јабланица. Главната цел на проектот беше апел до надлежните институции за прогласување на планината Јабланица за национален парк. Активизмот подоцна премина во конкретен политички ангажман преку партијата Левица каде повеќе години работам како генерален секретар.Од двојката влегува Амар Мециновиќ.

Амар Мециновиќ, член на Президиум и потпарол на Левица

Кратка биографија

Политиколог и активист за социјална правда. Член на Президум на Левица како највисоко раководно тело и портпарол, одговорен за комуникација со јавноста преку медиумите. Од почетокот на 2022 година – избран претставник на народот како член на Советот на Град Скопје. Во рамки на еден турбулентен мандат за градот, заедно со советничката група, нашите заложби беа и се базирани на: социјална платформа, заштита на работничките права, јакнење и проширување на јавните капацитети, кои ни се отуѓени, и еколошки свесна политика.

MAX HOSTING Д-р Виолета Фидановска

Другите двајца добро ги знаеме, Апасиев и Крмов, но во кецот Левица ќе влезе со двајца пратеници, вториот е Реџеп Исмаил кој сега е советник во град Скопје.

Кратка биографија (образование, професија и работно искуство)

Роден сум во Скопје во 1988 година. Формалното образование ми започна во едно од најстарите училишта на Скопје – ОУ „Тефејуз“ (Tefeyyüz), со настава на турски јазик. Средното образование го завршив во гимназијата “Јосип Броз Тито” во Скопје. Со високото образование, исто така, продолжив во Скопје, на Правен факултет – Скопје при УКИМ, каде дипломирав на одделот за Политички науки. На истиот факултет продолжив и со магистерските студии – на отсекот за Применета политика, каде што магистрирав со фокус на социјалната (трудова) политика.

Во поглед на работното искуство, како типичен член на работничка фамилија кој растел и се оформил во транзицијата, имам работено најразлични работи, од келнер по кафулиња низ скопската чаршија, па сѐ до обичен наемен работник на градилиште или во складилиште. Сето тоа, како што обично е случај во Македонија, евидентирано е единствено во „сивите“ тетратки на економијата. Освен ваквите неформални работни искуства, искусив и како е да се работи во странство, односно во Германија и САД, каде престојував преку студентските програми, кои исто така се типични за студентите од семејства на работничката класа. Решив да не останам во туѓина како многу мои другари и врсници кои никогаш не се вратија. Одлучив дека сакам да живеам меѓу луѓето кои отсекогаш ги познавам и ми се блиски на срце.

Во однос на моите поформални работни искуства: две години работев како наставник во Основно училиште „Мустафа Кемал Ататурк“, потоа продолжив со ангажман како туристички работник, односно тур- оператор за управување и продажба на туристички услуги ширум Балканот. По безмалку шест години работен ангажман во туризмот, решив да го искористам моето неформално знаење и искуство со информациските технологии и се вработив во ИТ секторот, во приватна компанија. На овој начин мојата професионална кариера се пренасочи во насока која е поразлична од моето формално образование, што всушност е случај и за многумина од мојата генерација, а поради незавидните услови на пазарот на трудот.

Во слободно време, кое сѐ помалку ми е на располагање, играм фудбал, спорт со кој порано сум се занимавал и посериозно, а исто така и редовно планинарам. Сепак, во последно време, можеби поради мојата билингвалност од мали нозе, најголема пасија ми е препев и превод на литературни творби од турски јазик на македонски и обратно.

The post ЛЕВИЦА ВЛЕГУВА СО 6 ПРАТЕНИЦИ ВО СОБРАНИЕ, КОИ СЕ НОВИТЕ ЦРВЕНИ РЕВОЛУЦИОНЕРИ? appeared first on МАКТЕЛ.

ДОБРО УТРО е дневен информативен портал. Информациите се од секојдневни !

Дизајн GLOBAL NET. Хостирано од MAX HOSTING