Уште едно од стотиците ветувања на градоначалникот во заминување Бобан Стефковски осамна само на лист хартија на неговата безвредна програма. Вардариште. Канцерот на цела Гази Баба не само што не е доведено во контрола туку и се интензивираше овие денови, а справувањето со овој проблем за општинската администрација и Бобан веќе не е енигма, туку неспособност. Како човек кој постапувал по ова прашање и проблематика директно на терен во минатото, можам да посочам дека пропустот намерен или ненамерен е во општината и инспекторатот.
Кому оди ова во прилог ? Одговорноста за овој пандемониум граѓаните ќе ја казнат на следните локални избори исклучиво од една и единствена причина – здравјето на сите нас. Овде не станува збор за тендери, ситни политички поени, популизам, ова е тема со која ниту еден нема право да калкулира туку напротив да постапува. Кога се работи за здравјето на луѓето нема простор за компромис. Загадувањето, масовната бетонизација и хаос кој го предизвика Бобан во својот несреќен мандат се непроценливи штети кои ветувам дека следната локална власт сериозно ќе се позанимава, побара бескомпромисна одговорност и понуди трајно решение. Бидејки кога се работи за нашата општина, нема простор за калкулации, Гази Баба заслужува! Влатко Неделковски – ЛДП