Претседателката на Европската комисија, Урсула Фон Дер Лајен, преку својот профил на X изрази загриженост дека воведувањето на 30-процентна царина на извозот од ЕУ негативно ќе се одрази на компаниите, клиентите и болните од двете страни на Атлантикот.
“Ќе продолжиме да работиме кон постигнување договор до 1 август. Истовремено, подготвени сме да ги заштитиме интересите на ЕУ врз основа на пропорционални противмерки” – додаде таа.
Оваа реакција доаѓа откако американскиот претседател Доналд Трамп денес објави нови давачки од 30 проценти на производите кои се увезуваат од Европската унија, кои ќе станат ефективни од 1 август.
Официјалното соопштение за новите тарифи беше објавено преку писмо кое Трамп го сподели на платформата Truth Social.