Почетна Убавина и здравјеЛазиќ остана без зборови кога виде што му купи сопругата за Нова година (ФОТО)

Лазиќ остана без зборови кога виде што му купи сопругата за Нова година (ФОТО)

од nenad
1 минути читај за



Сопругата на пејачот Дарко Лазиќ Катарина го изненади со неочекуван новогодишен подарок.

Катарина Лазиќ и популарниот фолкер на почетокот на октомври станаа родители на девојчето Срна, а иако има многу обврски околу бебето, Каќа се уште е активна на социјалните мрежи.

Таа често споделува забавни моменти од нивниот семеен дом, а овој пат реши да покаже што му купила на својот сопруг за празниците.

Додека Дарко спиеше, Катарина му донесе мала црвена кутија, а тој срамежливо ја зеде. Катарина му вети дека ништо нема да скокне од кутијата, па Дарко се осмели да ја отвори.

Кога фолкерот го крена капакот, имаше што да види, внатре имаше црни боксери со црвени срца и ни помалку ни повеќе тука беше и ликот на Каќа.


Поврзани објави

Доби долна облека за свирка“ – напиша Катарина и ги насмеа сите.

Да потсетиме, откако доби ќерка, Дарко се труди секој момент да го помине со неа, а на својот Инстаграм често објавува моменти со неа. Во неколку наврати нагласи дека многу ужива во родителството.

Фото: printskrin Youtube/RTV Pink Official
ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ ПОГЛЕДНЕТЕ ОВДЕ: