Table of Contents
Ова не мора да биде напорна задача ако добро се организирате
Пролетното чистење на домот е одлична можност да внесете свежина во вашиот животен простор и да се ослободите од непотребните работи. Ова не мора да биде напорна задача ако добро се организирате, а ние ви споделуваме неколку корисни совети како најдобро да го направите тоа…
Направете план
Пред да започнете со чистење, направете детален план. Одредете на кои простории треба да им посветите најмногу внимание и почнете од најтешките задачи. Правилото гласи дека чистењето се извршува одозгора па надоле – прво таванот, па ѕидовите, прозорците и на крајот подовите.
Исчистете ги прозорците и завесите
Прозорците собираат многу прашина и нечистотии во текот на зимата, па треба темелно да ги исчистите, како и столаријата околу нив. Не заборавајте потоа да ги исперете и завесите.
Ослободете се од непотребните работи
Еден од клучните чекори во пролетното чистење на домот е ослободувањето на просторот од непотребни работи. Прегледајте ги плакарите, полиците и фиоките и ослободете се од сѐ што не користите. Донирајте го или фрлете го тоа што веќе не ви е потребно.
Поврзани објави
Организација на плакарот
Групирајте ја облеката според сезоната и тргнете ја зимската гардероба во вакуум кеси за да заштедите простор. Организирајте ги работите во кутии и означете ги за да можете полесно да го пронајдете тоа што е во нив.
Длабинско чистење на килимите и мебелот
Килимите и тапацираниот медел собираат многу прашина и алергени. Длабинското чистење е најдоброто решение за тоа.
Дезинфекција на кујната и бањата
Кујната и бањата се простории кои треба темелно да се исчистат, поради насобирањето бактерии и влага. Задолжително исчистете го фрижидерот, рерната и кујнските плочки. Во бањата обрнете внимание на плочките, мијалникот и одводите за да го спречите насобирањето бигор и мувла.
ФОТО: everdrop GmbH / Unsplash