Почетна МакедонијаЛажна дојава за бомба во фирма во општина Илинден

Лажна дојава за бомба во фирма во општина Илинден

од nenad
1 минути читај за




Екипи на СВР Скопје и Единицата за антитероризам извршиле проверки, но не била пронајдена експлозивна направа, односно констатирано е дека станува збор за лажна пријава, кажуваат од МВР за Мета.мк Вработена во фирма во општина Илинден, утрово во 08.20 часот во СВР Скопје, пријавила дека на службената е-адреса ѝ стигнала порака дека во фирмата е поставена експлозивна направа. 

„Екипи на СВР Скопје и Единицата за антитероризам извршиле проверки, но не била пронајдена експлозивна направа. Утврдено е дека станува збор за лажна дојава“, потврдија за Мета.мк од Министерството за внатрешни работи (МВР).

Пишува: Антонија Јаневска, МЕТА.МК