Почетна Убавина и здравјеКумот го зема микрофонот (ФОТО) – Убавина и здравје

Кумот го зема микрофонот (ФОТО) – Убавина и здравје

од nenad
1 минути читај за

Пријателите и семејството го прославија доаѓањето на малечкиот Богдан, а атмосферата ја загреаја музиката и веселиот дух на присутните.

Пејачката Милица Тодоровиќ на 3 февруари стана мајка на синот Богдан, а семејството и пријателите синоќа организираа голема прослава во чест на новиот член на фамилијата. Милица на својот Инстаграм профил сподели моменти од интимното собирање, прикажувајќи дел од радоста и веселиот амбиент.

На прославата присуствуваа бројни пријатели и колеги на пејачката, а енергијата и радоста беа присутни цело време. Атмосферата ја загреа пејачката Катарина Живковиќ, која веднаш го зеде микрофонот, а потоа на сцената се приклучи и кумот на Милица, Стеван Анѓелковиќ, кој со песна го величаше доаѓањето на малечкиот Богдан.

И покрај музичкиот настап, титулата „највесел гостин“ ја освои тетката на новороденчето Јована, сестрата на Милица, чии моменти од прославата предизвикаа посебно внимание кај присутните и на социјалните мрежи.

Поврзани објави

Фотографии може да погледнте ОВДЕ

Инаку, Милица Тодоровиќ не откриваше јавно детали за својот партнер. Според медиумските пишувања, станува збор за маж со кој таа претходно била во врска, а кон кого се вратила по крахот на љубовта со уапсениот хрватски бизнисмен Марио Беришиќ.

printskrin youtube – blic milica todorovic