Притоа, од страна на увидна екипа од ЕУМНА во присуство на јавен обвинител и доктори од ИСМК беше извршен увид, при што се подигнати повеќе материјални траги кои се предадени за вештачење. Од извршените разговори со малолетните лица е констатирано дека тие во текот на вечерта на 11.07.2024, пристигнале на наведената адреса, во куќа во која понекогаш престојувало едно од малолетните лица, а куќата е сопственост на Д.Ѓ. (40), кој бил во пријателска врска со роднина на малолетникот.
Д.Ѓ. е лишен од слобода и со него е извршен разговор во кој ги потврди исказите од малолетните лица. Од страна на полициски службеници од Единица за насилен криминал – Одделение за крвни и сексуални деликти до ОЈО Скопје, против Д.Ѓ. е поднесена кривична пријава во брза постапка, за кривично дело „тешки дела против здравјето на луѓето“ по чл.217 ст.1, а во врска со кривично дело “производство и пуштање во промет средства за лекување“ предвидено и казниво по член 212 ст.1 од КЗ. Д.Ѓ. (1984) е изведен пред Судија на претходна постапка.