Почетна Убавина и здравјеКремлив, едноставен и неодолив – Убавина и здравје

Кремлив, едноставен и неодолив – Убавина и здравје

од nenad
1 минути читај за



Идеален десерт за секоја пригода

Сутлијашот е ден од оние едноставни домашни десерти кој ќе ве врати во детството. Кремлив, ароматичен и нежен, се приготвува од само неколку состојки, што сигурно ги имате дома. Со малку трпение и повремено мешање, ќе добиете вкусен сутлијаш што можете да го послужите топол или разладен, со неодолив мирис на цимет.

Совет: Сутлијашот дополнително се згуснува додека се лади, затоа немојте предолго да го готвите откако ќе ја постигне посакуваната густина.

Состојки:
  • 150 г ориз
  • 1 л млеко
  • 5 лажици шеќер
  • 1кесичка ванилин шеќер
  • прстофат сол
  • цимет по желба
Приготвување:


Поврзани објави

1. Измијте го оризот во ладна вода. Ставете го во тенџере со малку вода и варете неколку минути колку да почне да омекнува.

2. Додајте млеко, шеќер, ванилин шеќер и прстофат сол.

3. Намалете ја температурата и гответе на тивок оган со повремено мешање, за да не загори оризот на дното на тенџерето.

4. Гответе додека оризот комплетно омекне, а сутлијашот стане кремлив и густ.

5. Тргнете го од оган и префрлете го во чинии.

6. Оставете го да се олади малку, па посипете со цимет по желба.