Почетна ТехнологијаКоњановски и советници од Битола се возеа со гондола на Златибор, црпат искуства за Пелистер

Коњановски и советници од Битола се возеа со гондола на Златибор, црпат искуства за Пелистер

од nenad
1 минути читај за

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски со советници од ВМРО ДПМНЕ, СДСМ, ПОИНАКУ и ДОМ во посета на општината Чајетина, Република Србија. При посетата тие се сретнале со градоначалникот на општина Чајетина, Милан Стаматовиќ и директорката на ЈП „Голд Гондола“, Бојана Божаниќ. На средбата, како што соопшти кабинетот на Коњановски, се разговарало за тоа како е изградена гондолата на Златибор и се црпеле искуства. Инаку оваа иницијатива за изградба на Гондола на Пелистер ја промовираше советникот од „Поинаку“, Иван Чулакоски, а Советот едногласно донесе одлука за изработка на студија за овој проект.