Почетна ЕкономијаКостовски: Потпишан договор за нова поликлиника во Бутел, мега проект за општината

Костовски: Потпишан договор за нова поликлиника во Бутел, мега проект за општината

од nenad
0 минути читај за

26/09/2025 17:03
ВЕСТИ, ЛОКАЛНО


Денеска, во канцелариите на Министерството за здравство, беше заверен договор за изградба на нова, исклучително современа поликлиника во општина Бутел.

Градоначалникот Дарко Костовски преку својот Фејсбук профил извести за овој настан, а неговата објава ја пренесува Информативната агенција МИА во целост.

“Денес во просториите на Министерството за здравство заедно со министерот Азир Алиу го потпишавме договорот за спроведување на групна набавка за изградба на нова поликлиника во општина Бутел,” стои во објавата.