Почетна МакедонијаКОСТАДИНОВ: Со среќа нека ни е уште еден завршен капитален проект во Струмица!

КОСТАДИНОВ: Со среќа нека ни е уште еден завршен капитален проект во Струмица!

од nenad
1 минути читај за

Во основното музичко училиште „Боро Џони“ е извршена првата реконструкција од неговата изградба.Денеска е посебен ден за учениците и вработените во музичкото училиште „Боро Џони“, но и за сите нас.Новата учебна година ја започнаа во нови и современи услови за работа по комплетно завршената реконструкција и надградба на уште еден кат со нови кабинети, училници, канцеларии и помошни простории, како и нов покрив и нова термо фасада на целиот објект.

Учениците и нивните професори тоа го заслужија.

Нема основно и средно училиште во општина Струмица кое не е реновирано и сите имаат квалитетни услови за настава.

Новата учебна година нека носи многу успех на учениците и наставниците и гордост на Струмица.