На седницата на Националната комисија за УНЕСКО денеска се заклучи дека Општината Охрид повторно треба да ја разгледаат активноста поврзана со изградбата на објект на крајбрежјето во Лагадин, со препораките од Реактивните мониторинг мисии на советот за УНЕСКО и одлуките на Комитетот за светско наследство. Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска испрати изјава дека советува сите активности поврзани со објектот да се стават во мирување, до конечната одлука на Општината, како и да се поништи Одлуката за начинот на спроведување на постојните урбанистички планови и ж урбанистичко плански документации и да се донесат нови урбанистички тендери. Во новата одлука, согласно со законот за управување со светското природно и културно наследство на Охридскиот регион, не треба да се предвидуваат исклучоци.
Костадиновска-Стојчевска предлага општината Охрид да ја ревидира изградбата на објектот во Лагадин и да престане со било какви активности таму додека не се донесе конечната одлука.
77