Холивудската ѕвезда Ријана неодамна ги претстави своите нови производи за коса и откри со каков проблем се справува по породувањето.
Пејачката веќе некое време носи кратка фризура, а еве која е причината за тоа:
Поврзани објави
„Не очекував дека опаѓањето на косата ќе се појави на ваков начин. Мислев дека тоа едноставно ќе се случи и дека после тоа косата повторно ќе ми порасне“ – изјавила Ријана за странските медиуми, а потоа објаснила дека поради ова ја скратила косата, за постепено да ја опорави.
Иако на почетокот носеше разни перики, сега во јавноста се појавува со кратка, природна коса, а слични фризури носеше и порано, на почетокот на кариерата.