Почетна ТехнологијаКоридор 8: Започна работата на автопатот Гостивар – Букојчани

Коридор 8: Започна работата на автопатот Гостивар – Букојчани

од nenad
2 минути читај за


Во писмо упатено до градоначалниците, членовите на Владата, директорот на Јавното претпријатие за државни патишта и амбасадорката на САД Анџела Агелер, премиерот Христијан Мицкоски истакна дека реализацијата на Коридор 8 и 10 се приоритети на неговата влада

Претседателот на владата Христијан Мицкоски денес најави дека ќе се започне со работата на автопатот Гостивар – Букојчани, дел од Коридор 8, во писмо упатено до градоначалниците, членовите на Владата, директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Коце Трајановски и амбасадорката на САД Анџела Агелер.

„Денеска за нас ова претставува значаен момент бидејќи по две години, буквално по две години, ветувања и празни муабети денеска конечно може да се види нешто коешто треба да претставува дел од оној сон којшто го имаме како Влада, а тоа е како нашата земја да биде држава домаќин на три раскрсници. А тоа е раскрсница транспортна, железничка и енергетска. Тоа е нашиот сон. Тоа е мојот личен сон и ќе сторам сѐ како претседател на Владата да стане и реалност“, вели премиерот во своето писмо.

Министерот за транспорт Александар Николовски најави дека со новата изградба, патот од Скопје до Охрид и Струга ќе трае околу час и половина. На терен беше и амбасадорката Агелер, која на социјалната мрежа Х рече дека тоа „да се видат како се градат првите столбови од овој дел од проектот е видлива демонстрација на извонредното американско-македонско партнерство“.

„Овие преговори заедно со раководството на компанијата „Бехтел“ започнаа уште при оние контакти во Вашингтон, кога бев на посета во Вашингтон, на Самитот на НАТО, продолжија тука и гледате еве кога ќе се постигне заеднички, кога ќе има дијалог, кога ќе се разговара, може да се постигне и напредок.

Тој напредок сите можеме сега да го видиме и јас сум навистина горд што сме денеска овде и што во периодот којшто следи ќе имаме уште многу пријатни и убави вести за вас, за македонската јавност и македонските граѓани, најави дел и потпретседателот на Владата и министер за транспорт, господинот Александар Николовски“, вели Мицкоски. Директорот на ЈП за државни патишта Коце Трајановски истакна дека се забрзани сите постапки за изградба и најави дека се очекува до крајот на годината комплетно да се заврши процесот на експропријација.

Пишува: Борјан Гаговски, МЕТА