Победничката на Евровизија од 2004 година гостуваше на Блиц ТВ, но нејзината изведба на познатиот хит на Жељко Јоксимовиќ предизвика жестоки реакции на ТикТок.
Руслана, украинската пејачка која во 2004 година триумфираше на Евровизија со „Wild Dances“, повторно се најде во центарот на вниманието. Овојпат причината беше нејзиното гостување на српската Блиц ТВ, каде што изведе една од најпознатите евровизиски песни од Србија – „Lane moje“ на Жељко Јоксимовиќ.
Настапот набрзо се прошири на ТикТок, каде што следуваа голем број реакции. Дел од корисниците го коментираа нејзиниот начин на изведба, а меѓу реакциите имаше и шеговити и остри забелешки за тоа како ја отпеала песната.
Таа и Маја Николиќ – дует, итно“, „Не сфатив која песна е“, „Што е ова?“ и „Маја, сè ти е простено“ се само дел од коментарите што се појавија под снимките.
Руслана досега не реагирала на критиките што се појавија на социјалните мрежи. Наместо тоа, по гостувањето на Инстаграм им се заблагодари на телевизијата и на Гоца Тржан за гостопримството.
Пејачката притоа сподели дека ѝ значела можноста да ја пренесе емоцијата што ја носи во себе во моментот. Со тоа, таа не се осврна директно на негативните реакции што во меѓувреме се појавија на ТикТок.
ВИДЕОТО МОЖЕ ДА ГО ПОГЛЕДНЕТЕ ОВДЕ
Инаку, Руслана има позитивен став кон Србија и претходно зборувала за блискоста меѓу двете земји. Во интервју за Танјуг во мај годинава, таа го истакнала сличниот менталитет, а открила и дека ги следи српските претставници на Евровизија и им држи палци.
Таа тогаш изразила и надеж дека Србија повторно ќе стигне до победата на најголемото европско музичко натпреварување.
Screenshot socijalni mrezi