Слабеењето не се состои во еден единствен здрав избор, тоа е серија на многу такви. Ако човек сака трајно да се раздели со несаканите килограми, тој мора да го промени радикално својот начин на живот. Всушност секој еден ден човек треба да вложува напори, кои со текот на времето да се претворат во рутина.
Колку и да ви изгледа чудно, вие имате можност секојдневно и секој час да работите за побрзо постигнување на целта – слабеењето. Еве и часовен водич кој ќе ви помогне или барем ќе ви даде насоки кое би можело да се впишат во вашиот секојдневен живот:
06:00 часа
Разбудете се и испијте една голема чаша вода. Тоа ќе ве натера да се чувствувате сити и ќе спречи надуеност. Јадете мала закуска, која нуди брзи јаглехидрати и малку протеини. На пример, половина банана или неколку бадеми. Ако имате време – вежбајте.
07:00 часа
Исто така појадувајте – овој пат нешто што вклучува повеќе протеини и влакна – минимум по 10 грама од секое.