Почетна Убавина и здравјеКога ќе ги слушнете, ќе го знаете нивното значење! – Убавина и здравје

Кога ќе ги слушнете, ќе го знаете нивното значење! – Убавина и здравје

од nenad
2 минути читај за

Некои луѓе имале среќно детство, некои помалку среќно, а некои не се ни свесни дека влечат трауми токму од тој период во животот

Навидум обичните фрази кои секојдневно се користат, можат да укажат на тоа дека некоја личност немала мирно и среќно детство.

Имено, според психолозите, начинот на којшто се изразуваме е последица на нашето воспитување. Тоа значи дека некои реченици што ги користиме можат да откријат дека сме доживеале психолошка траума во детството.

Овие 6 реченици се показател на тоа:

„Јас мислам“

Кога некој ќе каже „мислам“, тоа значи дека се сомнева во својата проценка и се плаши да не направи нешто погрешно. Исто така, овој израз несвесно се користи како подготвена одбрана од можен напад на другите луѓе. Овие зборови најчесто ги користат оние што во детството се соочувале со критики, понижувања и навреди од страна на родителите.

„Просто се случи“

Според психолозите, реченицата „просто се случи“ е најлесниот начин некој да се ослободи од одговорноста. Овие зборови укажуваат на тоа дека човекот се чувствува немоќно и дека не ја контролира ситуацијата во која се нашол. Постојат две причини зошто возрасните луѓе често ја повторуваат оваа реченица: првата е стравот од казна, а втората е тоа што биле премногу заштитени во детството.

„Тоа е само мое мислење“

Поврзани објави

Оваа реченица може да се користи во два контекста. Понекогаш поединецот сака да стави до знаење дека своето мислење го смета за незначајно, а понекогаш, покажува дека личноста се смета себеси за посебна. Втората опција се формира кај децата кои биле премногу заштитени од страна на родителите, додека првата е карактеристична за луѓето чии ставови биле игнорирани или обезвреднети.

„Не обрнувај внимание“

Психолозите истакнуваат дека оваа фраза ја користат луѓето кои се навикнале да ги потиснуваат своите потреби и емоции. Луѓето кои се трауматизирани не само што ги кријат своите емоции, туку и речиси никогаш не бараат помош на работа, дури и кога им е потребна.

„Јас сум виновен“

Според психолозите, оние што во детството имале улога на жртва, најчесто, доброволно се обвинуваат себеси. Уште еден знак на таква траума е стравот од преземање одговорност. На оние што секогаш се чувствуваат виновно полесно им е веднаш да се прогласат за виновни за сè и да се извинат.

„Ова може да звучи глупаво“

Психолозите сметаат дека на овој начин човекот се обидува да спречи потенцијално понижување, кое често го доживувал во детството. Стравот од исмејување поради искажување на сопствените идеи може да произлегува од фактот што во детството сите идеи на детето наидувале на потсмев и понижување.

„Ако родителите често им се смеат на детските идеи, не ги сфаќаат сериозно, ги обезвреднуваат или ги нарекуваат глупави, детето развива навика однапред да верува дека ќе биде омаловажено“, велат психолозите.

Родителите манипулатори постојано им ја кажуваат оваа токсична реченица на своите деца и така им ја уништуваат психата!