Почетна Убавина и здравјеКога „чистото јадење“ станува штетно – Убавина и здравје

Кога „чистото јадење“ станува штетно – Убавина и здравје

од nenad
1 минути читај за



Во свет каде што секоја намирница се анализира под лупа, каде секој втор производ е „збогатен со протеини“, а апликациите ни мерат секој чекор и залак – лесно е да се заглавиме во замката на преголема грижа за здравјето. Особено кога станува збор за исхраната.

Интернетот и социјалните мрежи се преполни со видеа и совети за тоа што е „лоша“ храна, што содржи „вештачки“ состојки, што не треба да се консумира… Иако намерата е добра – да се избира поздраво – понекогаш тоа преминува во нешто многу поопасно: орторексија.

Овој поим сѐ уште не е официјална медицинска дијагноза, но нутриционистите и психолозите сѐ почесто се среќаваат со случаи во кои луѓето развиваат опсесивна потреба да се хранат „чисто“ и „здраво“, при што храната наместо задоволство – предизвикува страв и анксиозност.

Како да ја препознаете ортопексијата?


Поврзани објави

  • Строги правила без медицинска причина: Ако лицето избегнува цели групи на намирници без медицинска причина (алергија, дијагноза), тоа може да биде знак за проблем.

  • Изолирање од социјални настани: Одбивање покани затоа што „нема соодветна храна“? Кога исхраната го ограничува социјалниот живот – тоа е аларм.

  • Опсесивно читање декларации: Проверка на состојки е во ред. Но ако анализата на секој оброк трае со часови, потребна е поддршка.

  • Чувство на вина: Ако едно „лошо“ парче храна ве тера да се чувствувате виновно или анксиозно – врската со храната е нарушена.

Што да направите?

Добрата вест е дека ортопексијата може да се препознае и третира – со поддршка од нутриционист или психотерапевт специјализиран за нарушувања во исхраната.

Важно е да се сфати дека здравата исхрана не значи совршенство. Понекогаш најздравото нешто што може да го направите е – да се опуштите и да уживате во оброкот без вина.