Целиот свет го чека моментот кога Бен Афлек и Џенифер Лопез ќе соопштат дека се разведуваат, а тоа ѝ го укажала и самата Џејн Фонда
Актерката Џејн Фонда ја предупредила Џенифер Лопез никако да не снима филм за нејзината љубов со Бен, бидејќи тоа може само да го урочи нивниот брак. Но Џенифер не сакала да ја послуша.
„Пред сè, не знам зошто, но навивам за тебе и Бен, навистина сакам да успеете. Но премногу се обидуваш да докажеш дека си среќна наместо само да уживаш во твојата љубов. Секоја втора фотографија е од вас двајца како се милувате“, ова ѝ го кажала Фонда, која на крајот се согласила да глуми во нејзиниот филм „Најголемата љубовна приказна што никогаш не беше раскажана“.
90-минутниот филм беше објавен во февруари во три дела, кои се фокусирани на нивното раскинување, а потоа и на нивното повторно соединување и брак.
Џеј Ло му била толку многу посветена на овој проект што вложила 20 милиони долари од своите пари за да го реализира.
Наводно, Фонда ѝ кажала на Џеј Ло дека не би требала премногу да се расфрла со својата љубов, бидејќи така ќе ја урочи на некој начин.
Џеј Ло и Бен Афлек се венчаа во 2022 година во Лас Вегас, а потоа организирале гала-венчавка, на која Џенифер носела дури три различни венчаници.
Но шпекулациите за нивниот развод започнале додека сопружниците биле на меден месец, бидејќи Бен изгледал мрзоволно секаде каде што се појавиле.
Поврзани објави
Една година подоцна, Бен се отселил од нивната куќа и изнајмил вила близу куќата на неговата поранешна жена, која живеела таму со нивните деца.
Во меѓувреме, Џеј Ло се повлекла од својата турнеја, објаснувајќи им на обожавателите дека сака да му се посвети на семејството.
Но наместо на Денот на татковците да биде со него, Џенифер отишла во Италија на одмор со пријателите, додека Бен останал дома да се дружи со своите деца.
Иако се појавил во документарецот на Џенифер Лопез, на сите им е јасно дека на Бен Афлек му е страшно непријатно тоа што неговата сопруга јавно ја прикажува нивната интима.
Во неодамнешно интервју, Бен Афлек ја споредил потребата за публицитет на Џенифер со својата зависност од алкохол:
„Џен како дете се чувствувала емоционално занемарено. Секој ден учиме дека не мора сè да се споделува на социјалните мрежи. Тешко е да се гледа некој чиј професионален живот е исклучително успешен и кој на Инстаграм изгледа како да го живее најсреќниот живот на светот, а во реалноста, како да нема доволно алкохол на овој свет за да се задоволи.
Во нејзиниот случај, мислам дека не постои бројка на следбеници или филмови или албуми или што било друго од тоа што би ја задоволило, бидејќи таа постојано го чувствува тој копнеж и болка. Тоа е нешто што треба да го реши сама“, рекол Бен.