Во моментите кога носите одлука за породување, секој детал е важен.
Изборот помеѓу спонтано породување и царски рез е важна одлука за секоја идна мајка. Двете методи имаат свои предности, а одлуката најчесто зависи од вашата здравствена состојба, вашата желба и препораките од лекарот.
Спонтаното породување е природен процес што овозможува побрзо закрепнување и минимална медицинска интервенција. Многу мајки го избираат поради поблиското искуство со раѓањето и можноста за полесно воспоставување контакт со бебето веднаш по породувањето.
Од друга страна, царскиот рез е безбедна и контролирана опција, идеална во случаи кога вагиналното породување не е возможно или постои зголемен ризик за мајката и бебето. Тоа овозможува прецизно планирање и подготовка за големиот ден, со целосна медицинска поддршка.
Без оглед на вашиот избор, во Жан Митрев Центарот за мајка и бебе, нашиот тим на врвни лекари е тука да ве води и поддржи во секој чекор. Контактирајте нѐ за повеќе информации или закажете бесплатна консултација на тел. 02/3091 484 или 070/330-638.