Почетна ПопуларноКина ќе преземе конкретни чекори за крај на војната во Украина

Кина ќе преземе конкретни чекори за крај на војната во Украина

од nenad
1 минути читај за

Кина ќе преземе конкретни напори за изнаоѓање политичко решение за украинската криза, изјави специјалниот пратеник Ли Хуи.

„Кина отсекогаш се придржувала до објективен и праведен став по прашањето за Украина, се залагала за мир и разговори“, му ги пренесе министерството зборовите на Ли на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

Ли, специјален претставник на Кина за евроазиски прашања и поранешен амбасадор во Русија, одржа средби со Лавров и неговите заменици Андреј Руденко и Михаил Галузин.

Двете страни размениле мислења за кинеско-руските односи и политичкото решение на украинската криза и се согласиле дека неодамнешната посета на кинескиот претседател Си Џинпинг на Москва дополнително ја продлабочи меѓусебната политичка доверба, пишува кинеското министерство.

MAX HOSTING Д-р Виолета Фидановска

Посетата на Ли на Русија дојде на крајот од турнејата низ неколку земји. Пекинг соопшти дека неговата цел е да разговара за „политичко решение“ за ставање крај на конфликтот и како дел од неа се сретна со украинскиот претседател Володимир Зеленски.

-Кина отсекогаш ги следеше целите и принципите на Повелбата на ОН, се придржуваше до објективен и праведен став, активно се залагаше за мир и промовираше преговори, одлучуваше за сопствената позиција според суштината на самата работа и секогаш цврсто стоеше на страната на мирот и дијалогот – рече Ли.

.