Кинеска поморска флота отплови од источниот град Кингдао кон Јапонското Море, каде што ќе им се приклучи на руските поморски и воени сили, на воени вежби со цел „зачувување на безбедноста на стратешките пловни патишта“.
Пет кинески воени бродови и четири хеликоптери учествуваат во вежбата наречена „Cеверна/Интеракција-2023“, која тргна на „рандеву со руските сили на однапред одредена локација“, објави кинеското Министерство на својот официјален профил на „ВиЧет“.
Во саботата, Министерството објави дека руските поморски и воздушни сили ќе учествуваат на вежба одржана во Јапонското Море и тоа ќе биде првпат руските воздушни и поморски сили заеднички да учествуваат на вежбата.
Руските воени бродови „Громки“ и „Савјершени“, кои учествуваат на вежбите, извршија одделни вежби со кинеската морнарица во Шангај претходно овој месец.
