Почетна МакедонијаКина испрати воени бродови и авиони кон Тајван

Кина испрати воени бродови и авиони кон Тајван

од nenad
1 минути читај за

Кина денес испрати воени бродови и десетици борбени авиони кон Тајван и почна воена вежба како одговор на состанокот на тајванската претседателка и претседавачот на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес претходно неделава, соопшти владата на одметнатиот остров.

Вежбата околу Тајван е наречена „Обединет меч“ и ќе трае до понеделник, а Кина ја смета за неопходна за „одбрана на националниот суверенитет и територијалниот интегритет“.

Тајван од граѓанската војна во 1949 година сака независност од Кина која го смета за дел од својата територија и осудува секаков вид политичка комуникација со владата на островот. Кина тврди дека Тајван ќе го зачува во рамки на својата територија „макар и на сила“.

Leave a Comment