Фото: https://pixabay.com/photos/chinese-flag-china-red-banner-1752046/
26/12/2025 11:28
СВЕТ
Кинеското Министерство за надворешни работи обелодени дека Пекинг воведе ограничувања против десет лица и дваесет одбранбени претпријатија од САД, меѓу кои и огранокот на „Боинг“ во Сент Луис, Мисури. Причина за ваквиот потег е продажбата на воено оружје на Тајван.
Овие рестрикции вклучуваат замрзнување на сите финансиски средства што засегнатите компании и поединци ги имаат на кинеска територија. Дополнително, локалните организации и поединци добиваат забрана за каква било соработка со нив, информираше министерството.
Исто така, лицата кои се најдоа на листата на санкционирани нема да имаат можност да влезат во Кина.
