Почетна МакедонијаКиев тврди дека соборил седум руски беспилотни летала, а Москва еден над Крим

Киев тврди дека соборил седум руски беспилотни летала, а Москва еден над Крим

од nenad
1 минути читај за




Украинската армија денеска соопшти дека нејзините сили за противвоздушна одбрана собориле седум од осумте беспилотни летала Шахед, лансирани од Русија во текот на ноќта.
Беспилотните летала се соборени во три централни и јужни региони, објави военото воздухопловство на Украина на „Телеграм“.Од најавата не е јасно дали дронот, кој не беше соборен, стигнал до целта, пренесува Ројтерс.Во исто време, руското Министерство за одбрана објави дека спречило напад со украински беспилотни летала на Крим, наведува британската агенција.