65
– Украинскиот министер за одбрана Рустем Умеров денеска изјави дека тој и новиот врховен командант на украинската армија, Олександр Сирски телефонски разговарале за ситуацијата на фронтот во речиси двегодишната војна со Русија и за испораките на муниција со американскиот секретар за одбрана Лојд Остин.
Умеров на Фејсбук го опиша разговорот како „продуктивен“. – Генералот Сирски даде ажурирани информации за моменталната динамика на фронтот, напиша тој на англиски.
„Се разговараше за општото разбирање на ситуацијата и планот за акција. Во центарот на вниманието беше и снабдувањето со муниција“, додаде Умеров. јт/ .
Извор: МИА