Пејачот Драган Којиќ Кеба барал магично огледало на своето место за да може да се огледува додека суди на младите таленти.
Пејачот Драган Којиќ Кеба неодамна потпиша договор со „Гранд“ и од септември ќе биде постојан член на жири во популарното шоу „Ѕвездите на Гранд“. Тој за медиумите изјави дека е пресреќен што ќе има можност да помогне на младите натпреварувачи да ја изградат својата кариера.
Мојата желба е со моето присуство да го вратам фокусот на младите кандидати, како што тоа беше во времето на Саша Поповиќ. Станува збор за тоа да имаме почесен суд и да ги почитуваме како колеги и идни наследници,“ истакна Кеба.
Пејачот откри дека имал специјален услов за продукцијата – на неговото место во жири секогаш да има огледало. Тоа му овозможува да се огледува додека суди, а преку посебен „магичен тастер“ само тие што тој ќе дозволи можат да се видат во огледалото.
Поврзани објави
Тоа е голема магија, бидејќи само сопственикот на огледалото одлучува кој може да се огледа. За мене тоа е важно додека сум на сцена и додека работам со младите таленти,“ откри Кеба, додавајќи дека со тоа се чувствува поопуштено и фокусирано за својата задача.
Сепак на крајот не појасни за што точно станува збор и за какво конкретно огледало станува збор.
printskrin Youtube – nije lako biti ja keba